Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 5

:
Macedonian - 2006
1 И се заврши сета работа, што ја изврши Соломон за домот Гос­подов. И го внесе Соломон посветеното од татко му Давид сребро и злато, и сите садови ги предаде во ризниците на Божјиот дом.
2 Тогаш Соломон ги свика во Еру­салим сите старешини на племињата на Израел и сите началници на домовите на Израеловите синови, за да го пренесат ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, односно од Сион.
3 И се собраа кај царот сите Израелци на празникот, во седмиот месец.
4 И дојдоа сите старешини израелски. Левитите го кренаа ковчегот;
5 го понесоа ковчегот и скинијата на собранието и сите свети садови, што беа во скинијата, го понесоа свеште­ници и левити.
6 А царот Соломон и сиот народ, што се беше собрал кај него пред ковчегот, принесуваа жртви овци и волови, толку многу, што не беше можно да се избројат и пресметаат.
7 И свештениците го внесоа ков­чегот на заветот Господов на местото негово, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите.
8 Херувимите беа со раширени кри­лја над местото на ковчегот и го покриваа ковчегот и лостовите негови одозгора.
9 Лостовите се издигаа така, што дршките им се гледаа пред Свети­њата над светињите, но не и надвор; тие се таму и ден денес.
10 Во ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, што Мојсеј ги беше положил на Хорив, кога Господ направи завет со Израеловите синови, по излегувањето нивно од Египет.
11 Кога свештениците излегоа од светилиштето зашто сите свештеници, што беа таму, се осветија, без разлика на нивните редови,
12 тогаш сите пејачи левити: Асаф, Еман, Једутун и синовите нивни и браќата нивни, облечени во свечени облеки, со кимвали, харфи и лири стоеја на источната страна од жртвеникот, и со нив заедно сто и дваесет свештеници, трубеа со труби.
13 И додека трубеа и пееја сложно во еден глас, воспевајќи и славопоејќи Го Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите Го фалеа Господа дека е добар дека милоста Негова е вечна, тогаш домот Господов се исполни со облак,
14 така што поради облакот свеште­ниците не можеа да продолжат со служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом.